„Ем-ти-ви“ со потпис на Марк Џејкобс

31 август 2016

Иако целата ресорт колекција ја презентираше во јуни годинава, Марк Џејкобс одлучи парчињата инспирирани од „Ем-ти-ви“ да ја направи достапна за нарачки, пред да ја лансира. Така, тие што на време ќе реагираат, ќе бидат првите купувачи и сопственици на некое од моделите со ретро нота.

Една од нив е и Трејси Елис Рос, која на последното издание на видео музичките „Ем-ти-ви“ награди носеше блузон токму од овој бренд,

Цените на тринаесетте парчиња со знакот на музичката телевизија се движат од 150 долари па нагоре.

Покрај маици, блузи и џемпери, колекцијата содржи и два модела на чанти што идеално можат да се вклопат во стилот на оние што преферираат принтови и неонски бои.

Се очекува целата колекција да биде лансирана наскоро, а цените на сите производи можете да ги видите на линкот тука.

 

Објавено:
31 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
187 пати