Ема Вотсон е новото лице на претстојната кампања на Prada

24 август 2022

Британската актерка, активистка, борец за правата на жените и амбасадорка во ОН, Ема Вотсон ќе биде новото лице на претстојната нова кампања за женски парфеми и убавина на луксузниот бренд Prada, објавува модната куќа на својот официјален Инстаграм профил Prada Beauty.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Prada Beauty (@pradabeauty)

Модната куќа Prada е позната по тоа што цели кон ги поместување на границите на естетиката и честопати изненадува со неконвенционални избори, ставајќи го акцентот на ставот дека убавината е многу повеќе од убаво лице.

Па така, Ема Вотсон претставува совршен избор за оваа кампања, земајќи предвид дека актерката, која за многумина претставува прва асоцијац ија за филмската франшиза „Harry Potter", е сепак многу повеќе од олицетворение на женска убавина.

„Таа е карактер, личност и став", велат од Prada.

Личниот стил на Ема Вотсон е женствен и интелектуален. Тој се карактеризира со совршено рафинирана естетика која комбинира минимализам и класика.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Prada Beauty (@pradabeauty)

- Prada отсекогаш ги надминувала традиционалните модели и архетипови на замислена убавина и е позната по женственоста што се протиставува на конвенционалноста. Задоволство е да се создаде кампања и да се претстави парфем со толку длабок филозофски концепт и иницијативи за одржливост на релевантен начин. - вели Ема Вотсон.

Иако деталите за парфемот треба да бидат откриени наското, од модната куќа велат дека им е задоволство што соработуваат со Вотсон на оваа кампања.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by NS  (@emmawatsonfanssl)

- Вотсон поседува моќна елеганција и внимателен, ангажиран дух, решен за позитивна еволуција - совршено олицетворение на новиот женски мирис на Прада. - додава рече Јан Андреа, меѓународен генерален директор на Prada Beauty. - Нејзиниот кариерен опус, од глума до активизам, ја надминува сета инспирација, и ја означува нејзината автентичност и способност да инспирира емоции и да комуницира со млада, ангажирана генерација која бара автентичност.

Ова е прва соработка на актерката и модната куќа Прада, а авторка на прекрасните фотографи е Харли Веир.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHION EDITOR (@fashioneditors)

Објавено:
24 август 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
197 пати