Емилија Викстед ја претстави новата колекција како фото албум со мајки и деца

1 јуни 2021

Британската дизајнерка Емилија Викстед неодамна ја претстави Pre-Fall 21 колекцијата и тоа на помалку несекојдневен начин.

Наместо очекувани студиски фотографии или некој моден едиторијал, таа се одлучи да го презентиа преку фотографии кои потсетуваат на фото-албумите од минатото.

Како вели, инспирацијата била токму една таква фотографија, а посебен акцент сакала да стави на мајката и реалниот живот.

Затоа, сите фотографии се со мајки и деца, фотографии кои нудат приказна, спомени, живот...

Што се однесува до моделите, впечатливи се интензивните бои како портокаловата, но и проверените цветни и морнарски мотиви, а на веќе добропознати кроеви - широки здолништа, кратки горни делови, креации со голем околувратник, како и креации на прерамки.

Нејзината едноставност во модниот избор ја почитуваат голем број познати дами, а сега тоа го надгради со фотп-приказна. 

Објавено:
1 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
161 пати