Емилио Пучи го откри новиот креативен директор

23 март 2015

Der-Neue-bei-Emilio-Pucci-Designer-Massimo-Giorgetti-opengraphImageWide-bb1164af-326878

Откако брендот Кавали објави дека Питер Дандас од Емилио Пучи преминува кај нив и тоа на местото креативен директор, сите се прашуваа кој ќе го замени.

Неодамна, од Емилио Пучи го соопштија новото име во куќата. На местото на Дандас доаѓа италијанецот Масимо Џорџети, кој досега беше на оваа позиција во својот бренд MSGM,  што го основаше во 2009 година.

-Масимо Џорџети го отелотворува деловниот дух и генијалноста на новиот „вид“ дизајнери. На светската јавност и медиуми им е познат како еден од најталентираните италијански млади дизајнери, со неконформистичка естетика која тежнее во правен на живи принтови и интензивни бои – велат од Емилио Пучи.

Инаку, 37-годишниот  дизајнер ќе ја преземе функцијата од следниот месец, а своето прво деби ќе го има со женската колекција за пролет-лето 2016.

Објавено:
23 март 2015
Категорија: 
Актуел