Веројатно и вие едвај ја чекате официјалната премиера на Ocean’s 8 на 8 ми јуни, а дотогаш уживате во бројните шик стајлинзи на женската екипа на филмот.

На премиерата на филмот во Њујорк, прекрасните актерки се појавија во неодоливи стајлинзи, а меѓу нив во бела креација на дизајнерот со македонско потекло Тони Матичевски, блесна и прекрасната Ен Хатавеј.

Како што објави дизајнерот на Инстаграм, станува збор за дводелна комбинација составена од интересен горен дел со патент и широки панталони.

Комбинацијата за прекрасната актерка ја одбрал ултра популарниот стилист Ло Роч или познат на Инстаграм како @luxurylaw кој се чини ќе се грижи за неа во текот на целата турнеја која започна неодамна.

Подеднакво прекрасни беа и нејзините колешки кои одбраа неколку кул стајлинзи, а како и секогаш, Кејт Бланшет се чини остави најголем впечаток.

На една од премиерите таа се појави во виолетов костим комбиниран со бела кошула и темно црвени потпетици, додека во друга прилика одбра целосно црн стајлинг составен од беспрекорни панталони, кошула и неодоливо украсено палто.

Вистинска убавица во црн комбинезон беше и Сандра Булок, која пак за премиерата во Музејот Метрополитен исто така одбра комбинезон, но овој пат во јака зелена боја која ѝ прилегаше одлично.

Никако не смееме да ја заборавиме и секогаш позитивната Сара Полсон чиј стил е навистина посебен, а на премиерите се појави во две раскошни широки здолништа комбинирани со впечатливи горни делови и супер модни додатоци.

 

Одлични беа и комбинациите и на другите актерки меѓу кои и Минди Колинг и Нора Лум, но дефинитивно им недостасуваше Ријана која исто така е дел од екипата на овој ултра женски филм чија премиера едвај ја чекаме.

Извор: Daily Mail

Фото: Daily Mail, Fashion Spot, Entertainment Tonight

Објавено:
23 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
926 пати