Error message

Ен Хатвеј во стилот на „Ѓаволот носи Прада“ во прв ред на Модната недела во Њујорк

16 септември 2022

Модната недела во Њујорк заврши, но сѐ уште се споделуваат импресиите и впечатоците од најзначајните моменти од модните писти и публиката во првите редови.

Меѓу оние за кои најмногу се зборува деновиве е холивудската актерка Ен Хатвеј која во друштво на Ана Винтур, седна во првиот ред на ревијата на Мајкл Корс и го украде вниманието во изглед што потсети на имиџот на Енди, ликот што таа го толкуваше во еден од највлијателните модни филмови на сите времиња, „Ѓаволот носи прада".

Нејзината долгогодишна стилистка Ерин Волш овојпат за Ен одбра моќна комбинација од Мајкл Корс во загасити тонови, која се покажа како полн погодок.

Мантил во чоколадна нијанса изработен од релјефна кожа комбиниран со кафен мини плетен фустан и елегантни Louboutin стилето обувки, вака изгледа најавата за стилска есен во Њујорк.

Фото: Harper's Bazaar/Getty images

Објавено:
16 септември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
871 пати