Ена Зафировска и „FashionDNA“ во моден „Фидбек“

10 мај 2016

Младата дизајнерка Евгенија Зафировска и модниот блог FashionDNA остварија нова модна соработка.

Се работи за едиторијал кој има за цел да ја претстави новата колекција на Зафировска насловена како „Feedback“, со која ќе настапи и на претстојното издание на БАФЕ на почетокот на јуни.

-Колекцијата е инспирирана од хортикултурата. Флората изобилува со живописни бои и форми кои ми послужија како инспирација за една егзотична и шарена приказна. Најзастапен материјал е поливинилот, кој е рециклиран и со тоа и додава додатна вредност на колекцијата која е збогатена и со апстрактни принтови. Спој на вистинска женска естетика и допир од уметничко дело – објаснува дизајнерката.

Комбинациите се надополнети со чевли и чанти со апстрактен принт. А Трпеска Александра и Дани Ѓуровска што стојат за блогот FashionDNA на одличен начин ја претставија замислата на Ена, особено имајќи предвид дека ова не е нивна прва соработка.

FashionDNA

Зад фотографиите се потпишува Сашо Поповски.

Инаку, Зафировска се најде и меѓу најдобрите на конкурсот „Young Balkan Designers 2016", на Балканската модна мрежа. 

Објавено:
10 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
455 пати