Ена Зафровска со „Feedback“ по трет пат пред белградската публика

10 јуни 2016

Младата македонска дизајнерка, Евгенија Зафировска ја продолжува традицијата на претставување на својата работа пред белградската публика.

Ена по трет пат беше дел од „Balkan Art Festival“ (БАФЕ), каде ја презентираше колекцијата насловена „Feedback“.

- Колекција инспирирана од хортикултурата. Флората изобилува со живописни бои и форми кои ми послужија како инспирација за една егзотична и шарена приказна. Најзастапен материјал е поливинилот, кој е рециклиран и со тоа и додава додатна вредност на колекцијата која е збогатена и со апстрактни принтови. Спој на вистинска женска естетика и допир од уметничко дело. Комбинациите се надополнети со чевли и модели на чанти, со апстрактен принт – ни откри Зафировска.

Инаку, годинашното издание на БАФЕ е осмо по ред. Се одржува во Студентскиот културен центар во Белград и обединува околу 60 автори од БиХ, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора, избрани на конкурсот на кој аплицирале околу 200 дизајнери.

Но, посетата во Белград ѝ овозможи и претставување на „Mikser Festival“, кој се одржува во мултидисциплинарна платформа „Mikser House“.

-Првпат се претставив на „Миксер“ и тоа преку конкурсот за „Young Balkan designers“. Ја презентирав дипломската работа „Од традиционално во модерно“. Тоа се мултифункционални ламби-капи изработени од перфорирана кожа со македонски традиционални мотиви. Изложени се шест ламби-капи, колку што и содржи колекцијата. За секоја изработка користев различен мотив – ни објасни дизајнерката.

Објавено:
10 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
136 пати