•
11 мај 2022
Ентони Хопкинс сме го гледале во многу улоги, но не и како модел.
Ова му го овозможи модниот шпанскиот бренд „Loewe“. Имено, 84 годишниот актер е дел од нивната кампања за есен, а ангажирани се и Џош О'Конор, Џеси Бакли и Каја Гербер.
Хопкинс е фотографиран покрај новите широки, XXL модели на „Anagram Studs T“ чанти, секако со логото на брендот. Облечен е во две комбинации - едната во капут, тренерка и маица со крофни, а втората во спортско-елегантна тренерка, покажа дека може да се снајде во секој предизвик.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Џонатан Андерсон, креативниот директор на брендот, вели дека реакциите се фантастични.
„Постои само еден Ентони Хопкинс“, истакна Андерсон, уживајќи во нешто во што никој не успеал - да го стави актерот во модна приказна.