Ердем за првпат со онлајн продажба

9 јуни 2014

Канадскиот дизајнер Ердем за првпат во интернет просторот отвора онлајн страна каде сите колекции претставени на писта ќе можат да се купат со онлајн нарачка. Освен креациите, страната ќе содржи содржини како техниките на изработка, инспирација, детали од колекциите, лимитирани едиции итн.

 

Креативната компанија Wednesday, која исто така ги има креирано страниците на Александар Меквин, H&M, Ј.Crew, In Stayle, ја создаде и страницата на популарниот дизајнер со турско потекло, Ердем Моралиоглу.

 

Објавено:
9 јуни 2014
Категорија: 
Актуел