Ермес со нова видео кампања за скејтерки

16 септември 2016

Во ова интересно видео може да се видат две интересни девојки на скејт борд, со нови свилени марами стилизирани околу вратот или врзани на глава.

Скејтовите се, токму како и марамите, украсени со принтови на препознатливи за брендот „Ермес“. Новата колекција содржи 15 нови марами израбоетни од свила, материјал кој со години ја користи оваа модна куќа и доаѓаат во неколку бои.

Овие луксузни модни додатоци се обединети под името  „Maxy twilly“ и сѐ уште не се пуштени во продажба, но може да се разгледаат на  нивната официјална страна.

 

Објавено:
16 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
96 пати