Ешли Греам – насловната на „Ел“ и спорните фотографии

2 септември 2016

Секој нареден чекор на популарниот модел Ешли Греам е нова добиена борба за жените со облини. Ако порано беше незамисливо да се види девојка која има некој килограм повеќе на насловна страна на магазин, па и воопшто во моден магазин, благодарејќи на Ешли и моделите како неа, ова веќе не е невозможно.

За тоа сведочи и новата насловна страна на канадското издание на магазинот „Ел“. Октомврискиот број го краси токму Ешли, која за оваа пригода сними и провокативен едиторијал, а низ страниците на новото издание ќе биде и големото интервју со неа.

-Кога растев, мајка ми секогаш ми зборуваше дека сум умна, иако на училиште сметаа дека сум глупава, бидејќи имав дислексија. Бев крупна девојка која се занимава со спорт, а мајка ми постојано ми повторуваше: „во форма си и здрава си“, вели моделот во интервјуто.

Благодарение токму на мајка си, таа денес нема проблем со самодовербата, дури и после папараците кои покажаа дека фотгорафиите од едиторијалот и не се најреални.

Имено, на папарацо-фотографиите покажуваат дека Греам има многу целулит, кој во едиторијалот е фото-шопиран.

Таа не покажа слабост, туку на својот Инстаграм профил ги сподели токму „спорните“ фотографии, со порака дека никој друг освен неа нема право да одлучува за нејзината иднина.

Во продолжение погледнете ги сите фотографии:

 

 

 

Објавено:
2 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
574 пати