Етро отвори нов бутик во Берлин

16 март 2015

The Etro store in Berlin

Модниот бренд Етро има нов бутик во Берлин, која се простира на дури 4.850 метри квадратни во трговскиот центар Quartier 206.

Инаку, во изминатите 12 години, парчињата од оваа модна куќа беа достапни во многу помал дуќан, во истиот трговски центар. Женските модни парчиња и модните додатоци сега се распределени на два ката, уредени во духот на Етро.

Вратите беа отворени изминатиов викенд.

-Вментавме многу мали катчиња, сите беа расположени, топли и љубезни. Новиот бутик е поголем, но сепак сметаме дека денес треба помалку да го мериме квантитетот, а повеќе да се осврнеме на квалитетот и услугата – велат од брендот.

The Etro store in Berlin

Исто така, тие потенцираат дека во денешно време е можеби попаметно да имате помалку бутици, но со мошне конкретна и звучна цел.

-Кина е пазар во која подобро да бидете дел од нешто историско, отколку да бидете дел од трговските молови. На тој начин, нема да имате потреба ниту да менувате продавници на секое четири години, затоа што ќе бидете дел од нешто суштинско и реално. Кризата што започна во 2008 година, сè уште не е готова. Време е за нови идеали, или пак враќање кон почетоците и грчките философи, кои зборуваат за чистотата на среќата, не за парите. Ако успееме со тоа што го правиме да предизвикаме кај луѓето среќа или да ја споделиме, тогаш сме направиле многу. Што е помодерно, да имате многу пари или да бидете среќни – прашуваат од модната куќа.

Во продолжение погледнете дел од внатрешноста на бутикот.

The Etro store in Berlin

The Etro store in Berlin

Објавено:
16 март 2015
Категорија: 
Актуел
Тагови: 
Етро Берлин бутик