Еве зошто не воодушевуваше модата во 2013 година

17 декември 2013

kolaz

Изминатава година беше полна со модни случувања, а одредени секако оставија белег, не само во модната историја, туку и кај широката јавност.

Во продолжение преку фотографии ќе ви ги прикажеме работите поради кои модата во 2013 не воодушевуваше:

1.Сен Лоран - Девојките од Лос Анџелес никогаш не биле толку француски шик.

hbz-the-list-01-hedi-sm

2.Џенифер Лоренс и Диор - Ова беше еден од најкоментираните и највпечатливите фустани од оваа година, а актерката го носеше на доделувањето на Оскарите.

jennifer-lawrence-dior-review

3.Александар Ванг стана дел до Баленсиага - Иако не беше лесно да се продолжи работата на Крисофер, Ванг покажа дека е достоен да биде дел од овој тим.

Alexander-Wang-Balenciaga

4.Инстаграм - благодарение на оваа мрежа, супер моделите како Миранда Кер, Кара Делевињ, Карли Клос и уште многу други не забавуваа и беа на чекор поблиску до нас.

hbz-the-list-04-instagrams-sm

5.Марк Џејкобс - После 15 години, Џејкобс го напушти Луј Витон и подготви емотивно, самостојно шоу. Неговото место во познатиот бренд го зазема Николас Гескиер и внесе нова енергија. Кој вели дека модата е досадна?

hbz-the-list-05-louis-vuitton-sm

6.Црно-бел0 - Класичната комбинација и оваа година беше во врвот, па дизајнерите несебнично посегнаа по неа и ги презентираа новите изгледи преку овој контраст.

b&W

7.Исабел Марант и H&M - Вистинска револуција се случи кај овој street бренд со доаѓањето на легендарната Марант. Не само познатите личности, туку и голем број дизајнери колекциите од H&M ги ставија на својата листа на желби.

hbz-the-list-07-isabel-marant-sm

8.Танчерките на Рик Овенс - 40 танчерки се појавија на ревијата на Рик Овенс, па не чуди што ова шоу беше едно од највпечатливите и коментираните на модната недела во Париз.

hbz-the-list-08-rick-owens-sm

9.Карл Лагерфелд и Далас - уште една ревија за паметење. Нешто сосема ново од Лагерфелд и комплетно пренесена атмосфера на Далас, што од сценографијата, што од прикажаните модели.

hbz-the-list-09-chanel-sm

10.Плејбој - Прославувајќи 60 години постоење, магазинот одлучи на насловната страна да стави модна зајачица и ја избраа Кејт Мос. Вистински погодок за нив, Кејт, а и за 2013.

kate_moss_playboy

Објавено:
17 декември 2013
Категорија: 
Актуел