Fabrican Ltd „насликаа“ Coperni слип фустан врз телото на Бела Хадид во живо на сцена

1 октомври 2022

Себастиен Мајер и Арно Вајлан се дуото кое функционира како креативен мускул зад ултрамодерниот париски моден бренд Coperni, кој за колекцијата пролет/лето 2023 вчера докажа дека е способен да ги помести границите на модната технологија уште повеќе.

Одржана во Salle des Textiles во Musée des Arts et Métiers во Париз, на ревијата дизајнерите покажаа дека сакат да си играат со историските пропорции, од пренагласени колкови, до прекумерна драперија од ткаенина прикачена за мини здолништа, како и кожени јакни со кои може да се манипулира и преку врзување околу половината да се креира изглед типичен за 19 век. Дополнително, присутни беа и дизајни со остри и аголни форми и рабови, кои го рефлектираа модерното време и неизбежно потсетуваа на онлајн играта Roblox, за која Мејер открива и дека била всушност инспирација.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @superhighstilettos

За финалето, модното дуо приреди вистински спектакл со кој го остави светот во неверување. Финалната изведба се фокусираше на ѕвездата на ревијата Бела Хадид и Fabrican Ltd.

Бела се појави на сцената во ништо друго освен долен дел од бели бикини, додека тим од специјалисти – предводени од д-р Манел Торес, управен директор на Fabrican Ltd и пронаоѓач на техниката „ткаенината-спреј" – го создадоа совршениот минималистички фустан од Coperni директно на нејзиното тело, на самата сцена, пред публиката, за помалку од 10 минути.

„Сакавме да му го посветиме овој момент на д-р Торес, бидејќи многу го почитуваме она што тој го прави", објаснува Вајлан. „Почувствувавме дека е апсолутно неопходно тој да ја води изведбата - за нас, тоа го прави искуството уште помагично."

Објавено:
1 октомври 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
701 пати