Фарел Вилијамс и Кара Делевињ се реобединуваат за Шанел

30 април 2015

Карл Лагерфелд своите маестрални дизајнерски реализации секогаш знае да ги „смести“ во интересни приказни со уште повпечатливи ликови.

Така беше кога за прв пат ги обедини познатиот музичар Фарел Вилијамс и неговата  миленичка Кара Делевињ во мини филмот „CC the World“, а сега истата двојка се реобединува за новата пред-есенска кампања на Шанел за  Париз-Салзбург 2015.

Фотографиите ги направи самиот Лагерфелд, а во кампањата се појавува и малиот Хадсон Крониг кој ќе биде заштитно лице и на првата детска колекција на Шанел најавена за 2016 година.

Главните протагонисти во оваа кампања се облечени во иконските комбинации од твид комбинирани со богати везови и дебели плетенини.

Објавено:
30 април 2015
Категорија: 
Актуел