Fashionel ги одбра најдобро облечените за 2014

14 јануари 2015

collage2

Во изминатата 2014 година, Fashionel.mk ги следеше модните настани од светската, но и домашната сцена, а сите вие што нè читате, имавте можност да ги видите најдобро облечените. Честопати го оценувавме стилот и на познатите од домашната сцена, а оваа година одлучивме да ја започнеме така што ќе им доделиме признанија на најдобро облечените токму нашата шоу-биз сцената, но и од деловниот свет.

Целиот тим на Fashionel.mk, денес во топла и пријатна атмосфера се дружеше со Каролина Гочева, Петар Ѓошев и Ана Камчева. Одличен старт и за нас, но и за нашите гости, за кои поразговаравме на различни теми, споделивме различни искуства и од секојдневниот живот и од светот на модата. Расположени, насмеани, непосредни и секако одлично дотерани, нашите пријатели уште еднаш ни покажаа дека не сме згрешиле во нашиот избор.

тимот на Fashionel.mk со добитниците на признанијата во ресторан Бела Виста

Во текот на цела 2014 година Каролина Гочева беше активна на музичката сцена, а тоа беше можност постојано да ги гледаме нејзините модни комбинации. Со оглед на тоа дека е секогаш актуелна кога се модните трендови во прашање, убавата пејачка го доби признанието за Најдобро облечена жена за 2014 година.

- Ви благодарам што вие како влијателен моден портал во Македонија ме одбравте мене за една од најдобро облечените. Ви посакувам ова во иднина да прерасне во манифестација што ќе има влијание врз македонската модна сцена - изјави Каролина.

Петар Ѓошев - него го слушате секое утро на радио, а заедно со уште неговите две колешки секојдневно коментираат на разни теми, меѓу кои и модата. Водителот беше присутен на бројни случувања во државава во текот на изминатата година, секогаш појавувајќи се беспрекорни модни комбинации, презентирајќи се себеси како урбан и модерен маж. Според нашиот портал Петар Ѓошев е најдобро облечен маж за 2014.

Тој ја искористи оваа пригода да се заблагодари, но и да посочи на одредени, основни правила при појавувањето во јавност.

-Се радувам што почнувате да го користите сопствениот бренд кој што треба да биде репер за тоа како се живее. Мода не значи само парчето облека што ќе го ставите на себе, туку таа облека треба да прозбори преку карактерот на вашите читатели. Сите оние што и во иднина ќе ја добијат оваа награда им посакувам да работат на себе и да имаат љубов кон себе, бидејќи така мислам дека и полесно ќе најдат што да облечат  и како да се претстават себеси во јавност. Ви благодарам на признанието и што за сите нас добитници сте внимавале што правиме во јавноста. Да бидеш застапен во медиуми е една голема одговорност и кон себе и кон својата публика и ви благодарам што вие тоа сте го забележале и го цените. Ви честитам на сите успеси досега, а и на оние што следат. Слободно можете зад името на брендот Fashionel да градите една култура на живеење, која има право и алиби да биде таква. Многу сте успешни и ви благодарам за се она што го направивте и за мене и за тимот со кој што работам - сподели со нас водителот.

Петар Ѓошев со бренд менаџерот на Орбико, Елена Петкова Петар Ѓошев со бренд менаџерот на Орбико, Елена Петкова

Сепак, не ја иземавме и деловната фела. Со своето присуство нè почести и адвокатката Ана Камчева, која според нас е најдобро облечената деловна жена за изминатата година. Камчева е жена што ја сака модата и ја следи, а тоа мошне успешно го имплементира во својот стил, иако не може многу често да се види на јавни настани. Непосредна, пријатна и секако модерна, го изрази своето изненадување и чест што прима едно вакво признание.

Ана Камчева Ана Камчева

Иако не можеше да биде присутен на нашата средба, сепак со задоволство признанието за најдобро облечен деловен маж му го доделуваме на Сергеј Самсоненко. Овој бизнисмен во сферата на спортот, секогаш внимава на тоа како се појавува во јавноста, па изминатава година, кога беше мошне актуелен, можевме да видиме успешни спортско-елегантни комбинации, соодветни за годините и дејноста што ја врши.

-Природно се наметна потребата на крајот од годината, односно со почетокот на новата година симболично да им дадеме признанија на оние луѓе за кои ние како моден магазин сметаме дека   не само со својот имиџ, туку и со комплетниот животен стил се еден убав пример за урбани ликови од современието. Изборот го ограничивме на четири познати имиња, за кои како редакција сметаме дека се доследни пред се' на својот моден идентитет, но истовремено и постојано се дел од културните случувања каде секогаш се издвојуваат со својата појава, одмерен стил и чувство за естетика, што секако се едни од основните предиспозиции во дефинирањето на нашата одлука. Се надевам ова е значаен почеток на една фина традиција со која ќе ја заокружуваме секоја година - вели уредничката на порталот Марија Мечева.

Марија Мечева, Уредник на модниот портал Fashionel Марија Мечева, Уредник на модниот портал Fashionel

Одбраните добија признанија изработени од „Пехар Скопје“ , а нашите пријатели и соработници од Орбико се погрижија за убавите подароци од брендот Dsquared2.

Нашето око и понатаму будно ќе ги следи комбинациите на јавните личности и во оваа 2015 година.

Објавено:
14 јануари 2015
Категорија: 
Актуел