Оваа година ја заокружуваме успешно, со признание за Сајт на годината во категоријата Мода и убавина!
Вчеравечер по десетти пат се одржа манифестацијата „Сајт на годината" во организација на „Media Solutions“ и системот за онлајн-реклами „Keep an eye“, на која традиционално беа доделени признанија на најуспешните веб сајтови за 2019-та година, а Fashionel.мк беше избран меѓу најдобрите.
Препознавањето на квалитетот и посветеноста на нашата работа е огромна мотивација во нашето растење и созревање како медиум што делува според сите професионални и етички начела на новинарството. Затоа упатуваме голема благодарност до организаторите и читателите кои го препознаа нашиот квалитет со доделување на признанието за Најдобар сајт на годината во категоријата Мода и убавина, а наградата ѝ ја посветуваме на нашата публика која е најзаслужна за тоа што седма година по ред успешно функционираме и оставаме наш печат во онлајн медиумскиот етер.
Претходните години, Fashionel.mk беше прогласуван и меѓу најдобрите во категориите за Мобилен сајт и Најдобар дизајн, а годинава за прв пат бевме избрани за најдобри во нашата матична категорија – Мода и убавина.
Признанија беа доделeни во вкупно 18 категории, а за Најдобар сајт на годината беше избран fakulteti.mk.
Ја поздравуваме инцијативата на организаторите преку оваа манифестација да ја стимулираат професионалната работа и развој на онлајн медиумите во нашата земја и им честитаме на сите годинешни добитници.