Fashionel.mk е сајтот со најдобар дизајн за 2015 година

14 декември 2015

Годинешното доделување на наградите во рамки на манифестацијата „Сајт на годината“, која по шести пат се одржува во организација на Media Solutions, на Fashionel.mk му донесе нова награда и тоа благодарение на вашите гласови! Нашиот портал е победник во категоријата Сајт со најдобар дизајн за 2015 година.

И вистина, ние оваа година го „облековме“ сајтот, во нова, помодерна „облека“, со цел да бидеме поблиску до светските модни портали и стандарди.

Но, формата не би била ништо без содржина, па секојдневно се трудевме да понудиме различни и квалитетни содржини, да ве информираме, едуцираме и да ви го свртиме вниманието за работи што понекогаш ви изгледаат и површни, а не се, да загребеме токму под површината.

Ви благодариме што го препознавте тоа и што со овие гласови ни ја покажавте вашата доверба и согласност дека на вистински начин сме ја сработеле работата.

Минатата година ја заокруживме со признанието за еден од најдобрите мобилни сајтови, а оваа година со признание дека сме сајт со најдобар дизајн. Нашата амбиција нема да стивне, ќе се трудиме да бидеме уште подобри, а се надеваме дека и понатаму успесите ќе ги прославуваме заедно.

„Им благодарам на сите што придонесоа за ова признание, на тимот, на публиката. Ви благодариме за довербата ии читајте не’ и понатаму“, изјави уредничката на Fashionel.mk, Марија Мечева

Благодарност од целиот тим на Fashionel.mk до сите што придонесоа за ова признание и им честитаме на добитниците од сите категории.

Објавено:
14 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.153 пати