Fashionel.mk повторно во трка за „Сајт на годината“

26 ноември 2015

Почитувани читатели и пријатели, модниот портал Fashionel.mk и оваа година е дел од изборот за „Сајт на годината“.

Сите вие што во изминатава година нè читавте, ви се допаднаа нашите содржини и работа, и секако доколку ја стекнавме вашата доверба и симпатии, можете да ни го покажете тоа и преку глас.

Оваа година сајтот го „облековме“ во нов, помодерен дизајн, што ни овозможи да се натпреваруваме и во нови категории.

Нашиот сајт е номиниран за:

-Најдобар сајт за 2015 година

-Најдобар дизајн

-Најдобар мобилен сајт

-Мода и убавина

-Најдобра фесјбук страна

На линкот тука имате можност да го дадете својот глас. Сè што треба да направите е да кликнете на копчето „Гласај“, да ја вметнете вашата имејл адреса, по што на истата ќе добиете линк каде ќе го продолжите гласањето.

Гласањето кое започна вчера е отворено до 9-ти декември, а победниците ќе бидат соопштени на 14-ти декември.

Инаку, Mанифестацијата "Сајт на годината" во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по шести пат оваа година.

Изборот на „Сајт на годината“ е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.

Објавено:
26 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
517 пати