„Фејсбук“ и „Ray-Ban“ се здружија и создадоа очила со камера

13 септември 2021

Брендот „Ray-Ban“ неодамна сподели нов модел очила. Се работи за паметни очила за сонце и за диоптрија, кои доаѓаат во 20 варијанти, а зад проектот се потпишува „Фејсбук“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ray-Ban (@rayban)

 

Секоја страна од очилата има камера со која може да се прават фотографии од пет мегапиксели и видео секвенци до 30 секунди. Исто така, во очилата се „збогатени“ и со три микрофони и звучници, едвај видливи со око.

За потсетување, и „Гугл“ претходно имаше модел очила со слични функции, кои никогаш не остварија успех, а исто така беа означени како неприфатливи бидејќи ја нарушуваат приватноста.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ray-Ban (@rayban)

Дури и „Снепчет“ имаше слични паметни очила кои ги пласираше во 2016 година, кои исто така не остварија успех, иако се' уште ги имаат во понудата, но продажбата е речиси еднаква на нула.

И покрај ваквите претходни неуспеси на сродни компании, сепак од „Фејсбук“ се надеваат дека со овие очила ќе биде поинаку, бидејќи се работи за познат бренд и ретро изглед.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ray-Ban (@rayban)

„Нашата мисија е да помогнеме во создавањето на предмет кој ќе им помогне на луѓето да се чувствуваат поврзано, било кога и било каде. Сакаме да создадеме чувство на присутност, чувство дека сте тука со другата личност со која делите ист простор, без разлика на физичката оддалеченост“, велат од „Фејсбук“ за „Гардијан“.

Цената на очилата е околу 300 долари.

 

Објавено:
13 септември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
308 пати