Фелипе Оливеира Баптиста се раздели од „Кензо“

27 април 2021

По две години владеење со јапонскиот бренд „Кензо“, креативниот директор Фелипе Оливеира Баптиста и брендот решија секој да замине по свој пат. За обожавателите на „Кензо“, заминувањето на португалскиот дизајнер е вистинско изненадување.

Особено, бидејќи покажа драматична промена во дизајнот и го врати сензибилитетот на брендот кој естетиката на неговиот основач, Кензо Такада. За разлика од неговите претходници, Умберто Лим и Керол Леон, кои претпочитаа поурбан и уличен стил, Оливеира Баптиста покажа смели силуети и боја и се фокусираше на носливоста, изјавувајќи дека сака да креира „...вистинска, пожелна облека која и' недостасува на модата денес.“

 Дополнително, твореше во крајно нединамичен период за време на пандемијава, но и покрај тоа што е противник на целосната дигитализација која ни е наметната, успеа да направи солидни промоции.

Сепак, очигледно меѓу одборот на „Кензо“ и дизајнерот постојат ненадминливи разлики, а недостасува хемија. Останува да видиме кој ќе го преземе кормилото на јапонскиот бренд и каде ќе процвета наредно Фелипе Оливеира Баптиста.

Објавено:
27 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
87 пати