„Фенди“ пласираше чанти од рачно изработени милјеа

16 ноември 2020

Рачно изработените милјеа од конец и тантела, во домовите на нашите баби порано беа задолжителен декор. Со текот на времето, нив ги заменија некои посовремени дизајни, па сега се синоним за нешто “демоде“.

Сепак, од модната куќа „Фенди“ не мислат така. Во соработка со ателјеа и ракотвроци од различни делови на Италија, создаваат чанти токму од милјеа. 

 

Досега се објавени неколку модели, кои вклучуваат милјеа од конец со различни плетки, но и тантела. 

Назнаки за ваквиот моден правец, модната куќа даде и во колекцијата за пролет 21, претставувајќи чанти „покриени“ со нежни милјенциња.

На официјалната страна на „Фенди“ се' уште не се пласирани новите модели, но со нетрпение ги очекуваме, бидејќи ќе биде интересно да се види која ќе биде цената на она што за нас е сега старомодно (некои би употребиле и винтиџ) и неупотребливо.

Во продолжение погледнете дел од моделите кои досега се пласирани на социјалните мрежи, како и краткото видео во кое се наѕира изработката на истите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Fendi (@fendi)

 

Ако сте поталентирани, знаете како да го користите штиракот и имате познавање од рачна изработка, можете да се обидете да направите своја верзија на овие чанти, кои не се сомневаме дека ќе бидат исклучително популарни.

 

За изработка на оваа чанта на пример, биле потребни 100 часа рачна изработка, потоа милјето е ставено во штирак и оставено три дена да се суши и да го „фати“ посакуваниот облик.

Објавено:
16 ноември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.055 пати
Тагови: 
Фенди милје чанти