Феноменот Викторија Сикрет шоу на 8 – ми декември во Њујорк
•
2 октомври 2015
Конечно е објавен датумот за најочекуваното модно шоу на Викторија Сикрет, што оваа година ќе се случи на 8 – ми декември во прекрасниот Њујорк.
Како што објавија од организацијата, на шоуто ќе се појават десет нови ангели, а покрај нив, на пистата ќе блеснат и ветераните Адриана Лима, Алесандра Амбросио, Бехати Принсло, Кендис Сванпул и Лили Олдриџ.
Модното шоу на Викторија Сикрет низ годините стана глобален феномен што се гледа во повеќе од 180 земји ширум светот.
Првото шоу се случи во 1995 – тата година во Њујорк, а потоа се одржуваше во Кан, Лос Анџелес, Мајами и Лондон.