Фиби Фило ги напушта Селин?

5 февруари 2016

Последниве неколку години, во модната индустрија се случија неколку навистина драстични промени што ја менуваат и глобалната структура на бизнисот, особено во однос главните работни позиции во гигантските модни куќи.

По Раф Симонс и Албер Елбаз кои минатата година ги напуштија своите матични модни куќи, се шпекулира дека и Фиби Фило ќе се откаже од функцијата креативен директор во Селин.

Прв пат за ова се шпекулираше минатото лето, но дизајнерката официјално сè уште нема донесено одлука.

Инаку Фиби Фило е дел од тимот на Селин веќе осум години, односно од 2008 година.

 

Објавено:
5 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
238 пати