Филигранот совршено димензиониран во рацете на уметникот Младен Стојановски

16 декември 2013

Техниката на изработка на филиграни е една од најсложените која и дава совршена димензија на македонската традиционална уметност. Младиот уметник, студент на отсекот за скулптура на Факултетот за ликовни уметности во Скопје,  Младен Стојановски го усоврши овој занает до степен на воодушевувачка уметност.

Дизајн: Младен Стојановски http://mladenstojanovski.com/
Модел: Камка Тоциновски
Фото: Ивце Пивце, Иван Здравковски

На неговата интернет страница може да добиете комплетна слика за стилот и автентичниот дизајн во изработката на украсни предмети и накит во оваа техника.

Неговата успешна приказна поврзана со перфектно дизајнираните уметнички дела, започнува уште од неговите средношколски денови кога тој се сецијализира за златар, а доусовршувањето и искуството ја продолжуваат истата таа приказна во создавањето на современата историја на знаетот на старите мајстори.

 

Објавено:
16 декември 2013
Категорија: 
Актуел