Откако минатата година беше направена претстава за дизајнерот Александар Меквин, веќе започнаа и подготовките за филм кој, како пренесуваат странските медиуми, ќе го гледаме следната година.
Александар Меквин
Сценариото ќе биде на познатиот Крис Урх. Секако, се работи за биографско остварување зад кое ќе застане продукцијата Pathe (која ги продуцираше и филмовите „Селма“ и „Мендела“), а режијата ќе биде на Ендру Хај, чиј последен ангажман е филмот „45 години“, номиниран за Оскар.
Се очекува остварувањето за Меквин да биде готово до крајот на 2016 година. За тоа која актерска екипа ќе ја пренесе приказната за животот и делото на легендарниот британски дизајнер, сè уште не е познато.
За потсетување, минатата година музејот „Викторија и Алберт“ организираше изложба во чест на дизајнерот наречена „Alexander McQeen: Savage Beauty“, за која морале да се направат дополнителни 50.000 влезници и која поради големиот интерес можеше да се посети многу повеќе време од предвиденото.
изложбата Savage Beauty
Имајќи ги овие податоци, нема сомнение дека и филмската приказна ќе го привлече вниманието на публиката и модните инсајдери.