Постојат неколку златни правила или норми кои помагаат да се успее во денешниот суров моден свет. Колку побрзо ги совладате толку имате поголеми шанси да бидете професионален модел. Магијата е да успеете да ги балансирате сите оние работи кои ви се важни за моделингот,за да оставите комплетна слика за себе. Ружица е совршен пример за тоа како на вешт и уникатен начин може да се спојат трите сегменти за да се изгради еден комплетен модел. Големата љубов и посветеност кон вежбањето и исхраната и овозможија да биде модел, фитнес тренер и врвен кулинар.
„Со добра организација може да се постигне многу, само ако имате мотивација и дисциплина“, вели Ружица.
Нејзините планови не застануваат тука. Арсовска сака да замине за Америка каде би продолжила професионално да се занимава со моделинг, откако веќе долго време соработува со агенцијата „Моделс ИН Менаџмент“ од Скопје.
Оттаму велат пак, дека таа е навистина посебна.
„Има луѓе кои кога говорат делуваат на вас смирувачки и хармонично. Таков е случајот со Ружица. Чекаме да се смири целата ситуација со пандемијата за да може конечно да замине во Америка ,бидејќи како што и очекувавме повеќе модни агенции се заинтересирани да склучат договор. Ружица е секако успешна и среќна, но да се биде под договор со една светска агенција е награда за нејзиниот огромен труд и упорност. Впрочем што друго и да се очекува од девојка која зрачи со индивидуалност и беспрекорна убавина“, вели Алек Наумовски од Моделс Ин
Инаку, Ружица ги користи социјалните медиуми и за да ја сподели својата страст, но и искуство околу фитнесот, па на Инстаграм профилот можат да се најдат многу совети околу вежбањето и исхраната.