Flamboyant Blossoms - Нова колекција на Стефанија Насеска за летните денови

26 мај 2021

Младата дизајнерка Стефанија Насеска изминатиов период го искористи за создавање нова колекција за сезона пролет-лето.

Резултатот се 15 изгледи со цветни, шарени и впечатливи принтови и бои, обединети под името „Flamboyant Blossoms“, која ќе биде прикажана во два дела.

Фотографиите од првиот дел имате можност да ги видите,  а токму оваа колекција ќе биде првата што ја пласира под името под кое ќе твои во иднина -  „Pink Lemonade“.

„За да се осигураме во уникатноста, но и за да го направиме брендот повпечатлив, како појдовна точка ги зедовме принтовите кои се цртаат и изработуваат специјално за нас, а воедно истите ги сметаме и за наш заштитен знак по кој во иднина ќе бидат препознатливи колекциите." - истакнува дизајнерката Стефанија Насеска.

Заштитни лица на првиот дел од колекцијата „Flamboyant Blossoms" се моделите Вања Петрушевска од модната агенција Подиум и Татјана Јанушева од Моделс Ин. За шминката е заслужна визажистката Марија Лазарова, додека фризурите се дело на Октај Сејди. Фотографиите за студискиот едиторијал ги изработи Антонио Станков. Вториот дел, подготвен со истата креативна екипа, ќе биде промовиран наскоро.

На крајот, дизајнерката потенцира дека сите парчиња се дизајнирани и изработени во Македонија, со сопствено производство.

 

Објавено:
26 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
436 пати