Фондацијата Елена Лука објавува јавен оглас за економско зајакнување и поддршка на самохрани мајки

2 март 2016

Во рамките на својата годишна програма, Фондацијата Елена Лука објавува јавен оглас за самохрани мајки за поддршка за започнување сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот.
Огласот се однесува за општините: Скопје, Струмица, Велес, Битола, Тетово и Ресен, а избраните кандидатки ќе бидат поддржани со максимален износ од 100.000 денари неповратни средства.

Основните критериуми за аплицирање се:
-Самохрани мајки кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го унапредат веќе постоечкиот
-Самохрани мајки со деца на возраст до 26 години
-Државјани на Република Македонија

Поддршката се состои во набавка на техничка опрема, материјали за работа или обезбедување обуки, во износ до 100.000 денари.
Од пријавените кандидатки ќе бидат селектирани шест самохрани мајки кои ќе добијат поддршка од фондацијата.

Основната цел на овој проект е рамноправно учество на жените на пазар на труд, како и унапредување на социо – економскиот статус на самохраните мајки, намалување на невработеноста кај жените и развој и поддршка на женското претприемништво.

Краен рок за аплицирање е 31 март 2016 година.

За сите прашања или информации за потребните документи за аплицирање за огласот може да се обратите на нашите соработици:

Скопје, Благородна Шопова 071-207-090 contact@foundationelenaluka.org
Струмица, Ленче Христова 075-652-017; 034-611-633 hristovalence@yahoo.com
Велес, Мирјана Трајкова 070-645-318; 043-224-259 rksozmveles@yahoo.com
Битола, Ѕала Бојковска 070-339-296 semperbt@yahoo.com
Ресен, Весна Миркова 071-397-203 vesnamirkova@yahoo.com
Тетово, Џане Крешова 070-256-879, 044-333-410 info@forumi.org.mk

 

 

Објавено:
2 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.130 пати