„Форбс“ и Кајли Џенер не можат да се договорат дали таа е милијардер или не

3 јуни 2020

Насловната на „Форбс“ со Кајли Џенер како првата девојка која е на чекор да стане најмлада милијардерка на светот, во 2018 година предизвика големо внимание. Најмладата од кланот Кардашијан-Џенер, тогаш тврдеше дека богатството дошло со неверојатната популарност на нејзиниот козметички бренд  кој се состои од "Kylie Cosmetics" и "Kylie Skin“ и одличната продажба.

Тогаш 22-годишната ријалити ѕвезда, беше претставена како пример за младите девојки кои успеале сами да создадат свој успешен бизнис и богатство, што беше прилично спорно имајќи предвид дека таа доаѓа од семејство кое со години имаше врвна гледаност благодарение на реалното шоу „keeping with Kardashians“.

Минатата година, таа и официјално стана најмладата личност и жена милијардерка. За потсетување, таа лани објави дека 51% од акциите на бјути гигантот „Coty", чија вредност беше проценета на 1.2 милијарди долари. Но, денес, две години подоцна, од истот магазин се одлучија да ја симнат од листата, објавувајќи дека Џенер и нејзиното семејство смислиле мрежа лаги за се презентира побогата отколку што навистина е.

Истрагата што ја спровеле, покажала дека таа не само што не е најмлада милијардерка, туку воопшто и не е милијардерка. Како тврдат, Кајли и остатокот од семејството, со нивните финансиски консултанти, со години давале лажни информации за своето богатство, со цел да котираат што повисоко на посакуваната „Форбс“ листа на најбогати. Нивните книговодители, наведува „Форбс“, ги лажирале и даночните извештаи, за да им помогнат да дојдат до целта.

Од магазинот објаснуваат дека повратот на ДДВ од 2016 година укажува на многу поголеми приходи од оние кои „Coty“ ги објавиле. Единствените две објаснувања се дека продажбата на производите од нејзината козметичка компанија драстично опаднала или дека износот со ДДВ бил лажиран. Тие во својот извештај се базираат на анализата на стручни лица и документи.

Од друга страна пак, Џенер се огласи на Твитер, негирајќи ги нивните тврдења.

„Каква вест ме дочека утринава. Мислев дека ова е магазин кој држи до себе. Се' што гледам е низа неточни тврдења и недокажани сомнежи. Никогаш не барав никаква титула, ниту се обидов да лажам за да ја добијам. Можам да набројам повеќе од 100 поважни работи од фиксацијата на тоа колку пари имам“, напиша ѕвездата.

Целата ситуација ги става двете страни под прашалник - компетенцијата на „Форбс“ и транспарентноста на Џенер. Според најновите проценти, таа има 900 милиони долари, што значи дека 100 милиони се спорни.

 

 

 

Објавено:
3 јуни 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
490 пати