(ФОТО) Џил Бајден за првпат ја украси Белата куќа за Божиќ

30 ноември 2021

Белата куќа вчера за првпат ги покажа новите божиќни декорации, за кои годинава се погрижи новата прва дама, Џил Бајден.

Темата на годишниот декор е „Подароци од срце“.

Повеќе од 100 волонтери напорно работеле за во една недела да го украсат надворешниот и внатрешен дел од Белата куќа.

 

Резултатот е вкупно 41 украсена елка, околу 2.000 метри долга декоративна лента, речиси 79.000 новогодишни светилки и илјадници поставени украси.

Една од елките е украсена со фотографии од поранешни претседатели и први дами, меѓу кои и Кенеди, Трамп, Обама...

Реакциите за празничниот декор се различни од тоа дека е има премногу од се' и недостасува елеганција, до оние кои сметаат дека Бајден конечно го вратила вистинскиот божиќен дух во Белата куќа, после мрачните и без вкус декорации на Меланија.

Во продолжение следат уште неколку фотографии, па пишете ни, како ви се допаѓа декорот:

 

 

 фото: CNN, Twitter, Instagram

Објавено:
30 ноември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
820 пати