(ФОТО) Најдобрите мемиња и шеги за падот на Фејсбук и Инстаграм

5 октомври 2021

Фејсбук, Инстаграм и Ватсап вчера повеќе од шест часа не беа достапни за користење. Многумина изразија загриженост од хакерски напад и губење на личните податоци, но од компаниите соопштија дека се работи за технички проблем поради вмрежување и дека место за загриженост нема.

Воедно, падот на овие мрежи го чинеше Марк Цукенберг пад и на акциите на „Фејсбук“, односно речиси 7 милијарди долари помалку на неговата сметка, со што забележи пад на петтото место на најбогатите луѓе во светот.

Многумина се согласија со размислувањето дека би било најдобро никогаш да не се вратат и дека светот би бил многу подобро место за живеење без овие мрежи каде се шири омраза, нереални стандарди и бизарности.

И додека инфлуенсерите малку одморија (или се досадуваа), Твитер вчера беше најинтересното место за следење.

 

Безброј шеги, почнувајќи од онаа на самиот Твитер - „Добро вечер буквално на сите“, па преку оние дека старата Нокиа е единственото нешто што се уште работи, преку мемиња за тоа како Марк Цукенберг го решава проблемот.

Ние одбравме некои од најпопуларните и ви ги презентираме во продолжение. Одвојте неколку минути и насмејте се:

 

 

Објавено:
5 октомври 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
6.215 пати