(Фото) Највпечатливите изгледи на МЕТ гала 2022

3 мај 2022

Вчеравечер после две експериментални години, се случи стандардно издание на најелтинтиот моден настан на годината, МЕТ гала во традиционалниот термин: првиот понеделник во мај во Метрополитен музејот во Њујорк..

Годинешната тема е всушност продолжение на минатогодишната „In America: An Anthology of Fashion" со акцент на „Gilded Age Glamour" или „Позлатен гламур" реферирајќи на модата од доцниот 19-ти век.

Дел од домаќините на настанот

Со оваа тема, организаторката Ана Винтур ги испровоцира гостите да размислуваат за стајлинзи што ќе бидат современа интерпретација на гламурот на Златното доба во американската мода, што како прва асоцијација ги вклучува волуменозните структури, кринолините, сатенските ракавици, впечатливите шапки и секако корсетите.

Блејк Лајвли во Версаче

Ѕвезда на вечерта апсолутно беше една од почесните домаќинки на настанот, Блејк Лајвли која на себе носеше уметничко дело со потпис на Версаче. Се работи за екстравагантна тоалета со омбре ефект, инспирирана од симболиката на Статуата на слободата.

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Директна инспирација во архитектурата на Њујорк пронајде и Алиша Кис, која носеше креација на Ралф Лорен кај која акцентот е на луксузната наметка со светкави мотиви од градот кој никогаш не спие.
Ако некој најсоодветно одговори на темата оваа година, според нас тоа беше Сара Џесика Паркер.

Алиша Кис во Ралф Лорен

Модна икона која секоја година е меѓу највпечатливо облечените гости и секогаш со респект пристапува на посочената тема, овојпат во екстравагантна креација на Кристофер Џон Роџерс. Во еден изглед се интерпретирани речиси сите водечки карактеристики на „Златното доба": волуменозно здолниште со кринолини, корсет и ултра впечатлива шапка.

Сара Џесика Паркер во Кристофер Џон Роџерс

Ким Кардашијан на прв поглед беше непрепознатлива, со неколку килограми во минус. Нејзиниот изглед е инспириран од амерканската икона на стилот Мерилин Монро и она што треба да се потенцира е дека на црвениот килим се појави во фустан што автентично го носела и самата холивудска дива.

Меѓу присутните гости кои оставија силен стилски впечаток беа и Гвен Стефани, сестрите Хадид, Хајли Бибер, Меј и Илон Маск, Карди Би, Алесандро Микеле и Џаред Лето (кои беа идентично стилизирани), а секако и главната домаќинка и организаторка на настанот, Ана Винтур.

Гвен Стефани во Вера Ванг

Уште еден интересен податок за годинешнава МЕТ гала, е тоа што Луј Витон облече 14 ѕвезди во веќе носени креации.

За потсетување, ова е настан што пред се се организира со хуманитарна цел – собраните средства се донираат за Институтот за костими при Метрополитен музејот.

Првата Мет Гала се одржала во 1948 година, а тогаш влезниците чинеле по 50 долари, за разлика од денес кога влезниците чинат меѓу 30.000 и 50.000 долари.

Ана Винтур во Шанел

Лени Кравиц

Каја Гебер

Кендал Џенер во Прада

Гвен Стефани во Вера Ванг

Алекса Чанг во Кристијан Сиријано

Били Ајлиш

Шалом Хароу во Ралф Лорен

Џулиен Мур

Наоми Кембел во Барбери

Кајли Џенер во Off-White

Дакота Џонсон во Гучи

Ирина Шајк

Алесандро Микеле, Џаред Лето во Гучи

Џиџи Хадид

Донатела Версаче и Карди Би

Бела Хадид во Барбери

Хајли Бибер во Ентони Вакарело

Амбер Валета во Мајкл Корс

Кара Делевињ во Диор

Сидни Свини во Тори Бурч

Клое Кардашиан во Москино

Објавено:
3 мај 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.955 пати