ФОТО+ВИДЕО: Меланија Трамп ја покажа празничната декорација во Белата куќа

1 декември 2020

„Америка убава“ е годинашната празнична тема во Белата куќа, а првата дама Меланија Трамп вчера покажа како изгледа украсената внатрешност. Овој пат се појави во тесно црно здолниште со висок струк и металик кошула со потпис на Дрис Ван Нотен.

Интересно е што украсите на официјалната елка во Сината соба се дизајнирани од студентите од целата земја, од кои Националната служба за паркови, побарала со дизајните да ги истакнат луѓето, местата и работите што нивната држава ја прават уште поубава.

„Во текот на последните четири години, имав чест да патувам во некои од најубавите краишта на нашата земја и да запознаам некои од најемпатичните и најпатриотски американски граѓани. Од брег до брег, врската која сите Американци ја делат е уважувањето на нашата традиција, вредности и историја, кои беа инспирација за украсите оваа година", се вели во писменото соопштение од првата дама.

Покрај елките и украсите, внатрешноста ја красат и макети со автомобили, каде можат да се видат марките на автомобили и други типично американски компании.

Во една од собите се наоѓа и железница, а возот е наречен „White House Express", а на него ја пишува годинашната тема „America The Beautiful“

И здравствените работници и вработените во останатите итни служби кои беа на првата линија во борбата со пандемијата, имаат исто така свое посебно место на новогодишната елка и останатите украси во Црвената соба.

Инаку, за да се реализира комплетно украсувањето на Белата куќа, кое вклучува 62 елки, 106 божиќни венци, за што биле употребени повеќе од 366 метри венец, повеќе од 3.200 сијалички, 17.000 панделки, биле ангажирани и волонтери од целата земја.

Во продолжение погледнете ги фотографиите:

 

фото извор: @flotus; @bretbaier; @thespectatormagazine; @lauralorraine82; @elegant_melania; screenshot;

Објавено:
1 декември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.342 пати