Фото+Видео: Празничната магија во Белата куќа

28 ноември 2017

„Прекрасна е, како ангел“, е коментарот на едно детенце за првата дама која ги дочека во Белата куќа, за да ја видат празничната магија.

Меланија Трамп во бел минималистички фустан од „Диор“, во комбинација со златен ремен и златни салонки, ги дочека најмалите и ги се потруди да биде ден што ќе го паметат засекогаш.

Од Белата куќа за медиумите изјавија дека првата дама лично ја осмислила декорацијата и го одбрала секој детаљ во неа.

За магичната атмосфера, придонесоа и ангажираните балерини на „The Nutcracker Suite“.

Годинава темата е традицијата и секоја соба е омаж на американската традиција, вклучувајќи ја и галеријата од претходните претседатели.

„Кои се вашите планови за Божиќ?, Го напишавте ли писмото до Дедо Мраз?, Имате ли миленичиња дома“, се дел од прашањата што Меланија им ги постави на најмладите гости во Белата куќа, додека ги шеташе низ Сината, Зелената, Црвената соба...

Посетителите можеа да ѕирнат и во кино-собата, а добија и мапа, со цртана верзија на 11-годишниот Барон, како туристички водич.

Се очекува преку 25.000 посетители да ја видат магијата во Белата куќа за време на празничната сезона.

Како ви се допаѓа?

Објавено:
28 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
6.435 пати