Фотографка ги руши стереотипите за женското тело

23 февруари 2015

Модната фотографка Викторија Јанашвил веќе со години фотографира бројни модели, но книгата што неодамна ја објави, има за цел да ги слави сите облици на женските тела.

Независно дали сте ниски, високи, слаби или крупни, Викторија има за цел да покаже дека сите жени се убави.

Нејзината приказна започнува со моделите Денис Бидот и Марина Булаткина.

54ac1dfd3c7ce_-_gallery_nrm_1418665267-denise_and_marina-1

-Иако просечната жена во Америка носи конфекциски број 46, општеството продолжува да поставува стандарди во стереотипните вредности, кога се работи за сликата на реалното тело на една жена – вели фотографката по повод излегувањето на нејзината книга во САД.,

Според првите информации, Јанашвил успеала да го  привлече вниманието на јавноста во целост.

-Тоа е причината поради која со години фотографирав различни типови модели и учествував во кампањи за кревање на свеста за реалниот изглед на женското тело. Тие предизвикуваа бројни дискусии, а со книгата сакам да ја продолжам мисијата и да ги рушам општествените стереотипи за телото. Целта е да се заземе став за тоа како жените треба да се чувствуваат добро во својата кожа, без оглед на конфекцискиот број што го носат – потенцира Викторија.

Во продолжение погледнете дел од нејзината работа и мисија:

54ac1e1becc71_-_gallery_nrm_1418665321-marina

54ac1e46dbe31_-_gallery_nrm_1418665752-densie_and_marina_2

54ac1e7779a2d_-_gallery_nrm_1418672330-denise_front-1

54ac1ea564a95_-_gallery_nrm_1418672418-marina_front

54ac1ed0ad62d_-_gallery_nrm_1418672558-denise_side

54ac1effb03a7_-_gallery_nrm_1418674228-marina_back_again

54ac1f9a8f56e_-_gallery_nrm_1418674271-denise_again

 извор: Elle.com
Објавено:
23 февруари 2015
Категорија: 
Актуел