Фотосесија за новата кампања на Моден викенд Скопје

11 септември 2013

Со фотосесија за кампањата за новиот имиџ на Моден Викенд Скопје – сезона есен/зима 13/14, FWSK тимот го одбележа започнувањето на претстојното издание кое ќе се одржи од 22-ри до 30-ти Октомври.


Имиџот на оваа сезона го презентираат со панк двојка , Симона Ангеловска и Дарко Бошковски, кои се нови лица на македонската модна сцена и за потребите на новата кампања позираа пред објективот на Ани и Дими.
Панк гранџ стилот се враќа на светските модни писти и на насловните страници на најпрестижните светски модни списанија, а кај нас Моден Викенд Скопје ќе ја разбуди современата панк принцеза и урбаниот бунтовник.
Објавено:
11 септември 2013
Категорија: 
Актуел