Французите навредени од серијата „Емили во Париз“

7 октомври 2020

Неколку дена по премиерата на новата серија на Нетфликс „Емили во Париз“, коментарите не стивнуваат. Но, не оние добрите.

За оние што не се можеби упатени, се работи за серија која ја следи приказната на амбициозна девојка која со дваесет и нешто години од Чикаго се сели во Париз. Таа доаѓа во француската престолнина да работи во маркетинг агенција, која ја купил нејзиниот американски газда, а во која треба да придонесе со нејзиното американско потекло и искуство.

Ја најавуваа како модната наследничка на „Сексот и градот“, пред се' затоа што сценариото и стилистот се токму оние што ја направија американската серија ултра популарна. Но, по се' изгледа, „Емили“ е многу далеку од Кери Бредшо.

Уште поинтересно е дека во критиките се обединија и американските и европските критичари, но и корисниците на социјалните мрежи.

Како велат, единствената поента на серијата ја гледаат во тоа да се прикажат сите стереотипи на Париз и парижаните.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emily In Paris (@emilyinparis) onOct 3, 2020 at 1:32pm PDT

„Беретки, кроасани, багети, нерасположени келнери, надмени и „крути“ женкари, љубовници... Сетете се на некое клише за Франција или Французите и ќе го најдете во „Емили во Париз“, е критиката во весникот „20 Minutes“.

Чарлс Мартин, критичар за списанието „Premiere“, исто така имаше свое видување на серијата:

„Емили открива дека сите Французи се злобни и мрзеливи, дека во канцеларија не се појавуваат пред 12 часот, како и дека се непоправливи шармери кои не го познаваат значењето на поимот верност.  Французите исто така се сексисти, заостанати и секако, во најдобар случај, имаат повремени односи со својот туш. Искрено, гледајќи ја „Емили во Париз" видов многу нешта поради кои би можел да се навредам. Кога одлучиле да не' карикираат, авторите воопшто не се воздржале", пишува Мартин.

Во женскиот веб магазин „MadmoiZelle“ додаваат. “Жителите на главниот град ги сведуваат на ужасни снобови со Биркин чанти, кои палат цигара штом излезат од теретана. Три епизоди и можеа да бидат забавни. За жал, ги има десет!“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emily In Paris (@emilyinparis) onOct 5, 2020 at 1:22pm PDT

 Своја критика упатија и од „RTL radio“.

„Помеѓу беретките, коктел фустаните и секогаш беспрекорно чистите улици, на парижаните нема да им биде лесно да го препознаат нивното секојдневие. Стан од соништата со поглед на плоштадот, забави и дизајнерска облека, рози, згодни Французи кои ви бакнуваат рака... Толку клишеа за француската престолнина не сме виделе уште од епизодите во Париз на „Озборувачка“ или филмот „Ѓаволот носи Прада“.

Има и такви кои велат дека за да можете да уживате во оваа серија, морате да бидете љубител на научна фантастика, затоа што „парижаните можат да бидат и пристојни, совршено да го зборуваат англискиот јазик, да водат љубов со часови, а на работа да доаѓаат само доколку тоа им се допаѓа“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emily In Paris (@emilyinparis) onOct 1, 2020 at 3:49pm PDT

 

Ниту твитер заедницата не беше “блага“ кон новото остварување. Тие најдоа многу пропусти во приказната.

„Како Емили како маркетинг експерт, кој совршено ги владее социјалните мрежи има само 48 следбеници“, „Како тоа, објавува фотографија и преку ноќ има нови илјадници следбеници“, „Емили доаѓа во Франција без основно познавање на францускиот јазик и очекува сите Французи да знаат англиски“, „Како тоа, просечна девојка на позиција во маркетинг агенција, со не така високи примања, може да си дозволи да носи „Шанел“ и „Диор“?“, се само дел од прашањата што ги поставија оние што ја изгледале првата сезона.

За клишеата на серијата пишуваа и „Венити Фер“, „Вог“, “Ел“, „Космополитен“. Имаше критики дури и на сметка на модните комбинации, кои се очекуваа да бидат интересни и перфекни, особено имајќи предвид дека зад нив се потпишува костимографката Патриција Филд, која блесна во „Сексот и градот“. Но, овој пат сме сведоци на модни изданија кои не предизвикуваат такво воодушевување, а најмногу поради фактот дека се премногу предвидливи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emily In Paris (@emilyinparis) onSep 7, 2020 at 9:00am PDT

Голем број од оние што живеат или биле во Париз, упатија критика што Емили како типична Американка, низ Париз постојано се шета во високи потпетици, а овој град ни одблиску не е идеален за тоа. 

„Дури и најдотераните Французинки ќе ги видите во рамни обувки како шетаат низ Париз. Што е со овие Лубутанки“, се вели во еден од коментарите.

Има и такви што во лошото сценарио, најдоа и забава:

„Емили во Париз е толку лоша серија, што едвај чекам да ја изгледам цела. “Неверојатно ужасна серија, и затоа едвај чекам втора сезона“.

Како и во се' има и оние што не ја доживеаја толку катастрофално.

„Да беше се' реално прикажано, ќе беше само уште една убиствено досадна француска серија“, „Ако сакате да изгледате нешто лесно, без да си го заморувате мозокот, „Емили во Париз е одлична“, „Супер релаксирачка серија“, „Би сакала да имам во гардероберот се' што Емили носи“...

Сепак, она што на крајот останува како факт е дека, добра или лоша, за серијата се зборува.

Објавено:
7 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
682 пати
Тагови: 
Емили во Париз