Фронтменот на Depeche Mode е новото лице на Dior Homme

14 јуни 2017

Култниот Дејв Гахан, познат како фронтмен на бендот Depeche Mode, е заштитното лице на новата кампања за машката линија на францускиот бренд Dior.

Фото: gettyimages

Се работи за линијата на Dior Homme за сезоната есен-зима 2017 која ја фотографираше славниот Дејвид Симс, а колекцијата е посветена на техно забавите што е очигледно преку изборот на неонските бои и кожените капути.

Музиката често има големо влијание врз креативниот директор на Dior Homme, Крис Ван Асче, при создавањето на неговите колекции, па затоа воопшто не изненадува изборот на музички ѕвезди како водечки лица во неговите кампањи.

Како за потсетување меѓу нив до сега имало повеќе познати музички икони, меѓу кои и Бој Џорџ.

Фото извор: nme.com; buro247.hr

 

Објавено:
14 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
75 пати