Фустан што се шири ако премногу се приближите

10 септември 2021

Последниве две години физичкото дистанцирање стана реалност. Дали навистина се навикнавме така да живееме, не можеме со сигурност да тврдиме, но дека понекогаш сакаме да им се вратиме на старите навики и блискост, тоа е веруваме сите сте го почувствувале.

Сепак, холандската дизајнерка Анук Випрехт, создала фустан кој не дозволува премногу да се опуштиме.

Имено, кога некој премногу ќе ви се приближи, фустанот се шири и така прави поголема дистанца помеѓу вас и соговорникот.

Фустанот е наречен „Proximity Dress“ и на околувратникот има термален сензор кој се активира кога некој влегува во вашиот личен простор. Фустанот се шири странично, благодарение на механизмот поставен во делот на колковите.

Креацијата е создадена од меки ткаенини, кои како и сензорот се направени со помош на 3Д принтер. Исто така, не прават никакви звуци или снимки на личноста која премногу ви се приближила.

Фустанот се' уште не е достапен за широката јавност, но дизајнерката ја носела во Мајами минатата година, во екот на пандемијата и била задоволна, тврдејќи дека креацијата си ја постигнала целта за која е и создадена.

Што мислите за ваквите футуристички дизајни, би носеле ли ваков фустан?

Објавено:
10 септември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
616 пати