FWSK: Дизајнерките од Србија и Косово внесоа свежина во македонската мода

5 април 2015

На претпоследниот ден од 11 издание на Модниот викенд Скопје, имавме можност да видиме и две дизајнерки од Косово и Србија кои на македонската публика и прикажаа навистина интересни колекции.

collage

Сосема различни, Јована Марковиќ и Флутура Дедињa внесоа една поинаква свежина во просториите на катната гаража „Солунски конгрес“ каде што впрочем и се одржува годинешното издание на Модниот викенд.

Талентираната Јована Марковиќ прикажа една сосема поинаква колекција од она што навикнавме да го гледаме, полна со чисти линии, неодоливи бои и сексапил што на совршен начин изобилуваше во креациите.

59

Како што и самата ни откри, особено внимание во целата колекција за есен 2015, беше посветено на фантастичните материјали кои покрај тоа што беа супер квалитетни, истите изгледаа одлично скроени во шик парчиња.

65

Младата дизајнерка ревијата ја отвори со неверојатно уникатно мантилче изработено од шик материјал, а симпатиите на публиката продолжи да ги освојува со интересно пресечените фустанчиња комбинирани со транспарентни детали.

58

Поденакво добри беа и волуменозните блузички во шармантни пастелни бои комбинирани со лежерните фалтирани здолништа. Дизајнерката прикажа и неколку бели кошули што ги комбинираше со транспарентни здолништа, но и широки панталони со висок струк.

67

Сосема на крајот, таа ревијата ја затвори со софистициран, волуменозен син капут што е задолжително парче за секоја дама!

79

За љубителките на тантелата, Марковиќ понуди и едно такво парче во темно сина боја кое изгледаше супер шик со нагласените транспарентни делови, но и со совршено распоредните цветови.

87

„Најголема инспирација ми беа чистите линии, чистите бои, сакав малку да се прочистам, не знам, можеби тоа е некоја зрелост, малку сакав да си поиграм со нежноста овој пат. Секогаш најголемо внимание им посветувам на материјалите, користев природни материјали од многу земји, од Гана, од Кипар, од Дубаи, многу тантела, кожа, памук од Јапонија, волна итн. Инаку, прв пат сум во Македонија, ова беше едно супер искуство, многу ми е драго што сум овде“, вели Марковиќ за Fashionel.

91

Нејзината колешка од Косово, Флутура Дедиња која за разлика од минатото издание кога прикажа театрални и помалку футуристички креации, овојпат, понуди малку посмирени варијанти.

4

Како што и самата ни посочи, особено интересно е што овојпат, низ целата колекција се провлекуваа триаголниците во своите различни форми. Кај здолништата и фустаните можевме да видиме интересно ласерско сечење на материјалите што им даваше помалку тродимензионален изглед на креациите.

29

Иако обожавател на потемните бои, дизајнерката на македонската публика овојпат и подари малку повеќе боја. Особено впечатливи беа розовите моменти кај некои од креациите, меѓу кои и волуменозното здолниште со набори во предниот дел.

37

За сите романтичарки, таа понуди и лесни, лелеави фустани со подолг заден дел што беа како создадени за пролетни прослави на отворено.

15

„Оваа колекција е базирана на употреба на триаголници, на ласерско сечење материјали, но исто така можевме да видиме и еден момент на лесно спуштање на делови од материјалите кај некои од креациите. Овој пат одлучив да користам малку розова боја, бидејќи никогаш не сум ја користела и бидејќи доаѓа лето. Моите омилени бои се црна и сива, но сега сакав да направам малку промена. Материјалите што беа сечени со ласер мораа да бидат полиестер поради составот, а другите се кожа, свила и памук. Се вратив повторно тука, бидејќи ми се допаднаа луѓето и организацијата и навистина сакав да ја претставам мојата колекција тука“, вели Дедињa за Fashionel.mk.

55

Покрај основните парчиња како здолништа и фустани, Флутура на пистата прикажа и одлични панталони со висок струк комбинирани со палто со ремен на средината и корсет со интересни украси во пределот на вратот и рамената.

21

Во продолжение во галеријата, погледнете ги парчињата од колекциите на годинешните гости - дизајнерки.

Објавено:
5 април 2015
Категорија: 
Актуел