FWSK: Моите стории - мојот живот

3 април 2016

Во рамки на годинешната програма на Моден викенд Скопје се случи и една промоција на книга. Модната новинарка Снежана Богдановска - Сани вчеравечер пред присутните го претстави своето дело насловено „Моите стории - мојот живот“.

Сани кажа неколку збора за значењето на книгата и тоа што се содржи. Колумните од магазинот „Лајф“, како и дел од интервјуата содржински ја обликуваат „Моите стории - мојот живот“.

Освен авторката, за книгата, нивното пријателство и зошто ова дело вреди да се прочита проговори и еден од рецезентите, модниот дизајнер Никола Ефтимов.

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата:

 

Објавено:
3 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
408 пати