Генерална проба: Лејди Гага и Џеј Ло пристигнаа во Вашингтон

20 јануари 2021

Лејди Гага налик Принцезата Лиа од Star Wars се појави во Конгресот на САД. Пејачката која се очекува да настапи на Инаугурацијата на 46. Претседател на САД, Џо Бајден, со своите фанови на Инстаграм сподели фотографија од внатрешноста на зградата на Конгресот. На фотографијата може да се забележи дека Гага носи целосно бела креација во форма на наметка, дело на Живанши. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

На скалите пред самата зграда, заедно со својот тим се фотографираше и дивата Џенифер Лопез. На пробата по повод настапот на Инаугурацијата, Џеј Ло се појави во костим на Chanel и кошула, додека косата ѝ беше фатена во високо опавче. 

 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Објавено:
20 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
517 пати