Генијалната Тилда Свинтон во реклама на Шанел

28 мај 2013

Славната актерка која негува ексцентричен стил е дел од пред-есенската колекција на Шанел насловена „Париз-Единбург“.

 

 

Иако сме навикнале да ја поврзуваме со авангардните дизајнери како Хајдер Акерман или со фантастистични фотографи од калиброт на Тим Валкер, Тилда Свинтон од неодамна им се повери на вештите раце на Карл Лагерфелд со кого ја сними рекламната кампања за колекцијата на Шанел на тема Париз-Единбург.

 

 

Актерката која има шкотско потекло изгледа прекрасно во моделите на Шанел и совршено се вклопи во богатиот средновековен амбиент со мотиви од традиционалното шкотско општество.

 

 

Објавено:
28 мај 2013
Категорија: 
Актуел