Ги препознавате ли овие девојки?

27 август 2015

Во текот на 90 – тите тие беа најубавите и најплатените модели на светот без кои не поминуваше ниту една фотосесија или насловна страна на магазин. Неодамна, тие повторно се собраа за заедничка фотосесија со наслов The Reunion, фотографирана од големиот Питер Линдберг. 

Фотографијата ја објави единствената Синди Крафорд на нејзиниот Инстаграм профил, а на истата може да се видат прекрасната Хелена Кристенсен, Надја Оерман, Татјана Патиз, Ева Херцигова и уште неколку други модели кои беа нашите омилени во 90 – тите. 

Она што може да се забележи на фотографиите, е фактот дека и по толку години, тие не загубиле ниту дел од нивната убавина, шарм и уникатност по кои беа познати пред две децении. 

На една од фотографиите можеме да ги видиме познатите модели на плажа во бањарки, под кои се гледаат костимите за капење во кои биле фотографирани за време на фотосесијата. На другата пак, ги гледаме во топли џемпери со целосен фокус на нивните лица кои и денеска се подеднакво убави како што беа во 90 – тите.

„Она што прави фотосесијата со Питер да биде посебна е неговата неверојатна енергија. Тој ги сака жените и тоа навистина може да се види...Тој ги обожава зрелите жени и знае како да ја истакне нашата убавина“, вели Синди.

Објавено:
27 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.259 пати