Глас преку тивка порака – Бела празна насловна на италијанскиот Вог за април

8 април 2020

„Во времиња како ова, веруваме дека „тивката" насловна страна зборува многу повеќе од било кој збор или слика", вака креативниот директор на италијанскиот Вог, Фердинандо Вердери го најави априлското издание на магазинот кое ќе биде со празна, бела насловна страна.

Како што објаснуваат од уредништвото, белата ја избрале како боја за оваа симболично празна страна, бидејќи е универзална порака за чистина, сила, надеж и почит.

Низ страниците на магазинот кој ќе излезе на 10. април, ќе се појават фотографии и содржини од домашната изолација на повеќе од 40 познати модни инсајдери, дизајнери, фотографи, модели, стилисти, кои преку тоа ќе го визуелизираат своето лично видување и емоции во однос на ситуацијата.

На овој начин уреднштвото на магазинот сака да ја прикаже нивната основна идеја по која се водат: да зборуваат за светот преку модата.

Објавено:
8 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
233 пати