„Го доживеав 107.роденден затоа што никогаш не се омажив“

1 август 2019

Луис Сигнор од Њујорк деновиве го прослави 107. роденден во друштво на пријателите и новинари од познати медиумски куќи кои ги интересираше само едно: Која е тајната за долговечност?

Шармантната бабичка слатко се насмеала на прашањето и одговорила нешто што никој од присутните не го очекувал – дека тајната е тоа што никогаш не се омажила.

new_york_post

„Тоа сигурно е тајната. Мојата сестра вели дека би сакала никогаш да не се омажеше“, изјави Луси за новинарите на кои им кажала дека му забранила на семејството да ѝ приредуваат забави, но тие не ја послушале.

Со оглед на годините, Луис изгледа навистина одлично, а што се однесува до здравјето, единствено прима терапија за висок притисок.

„Мислам дека сум во добра форма и да, секако дека сѐ уште излегувам“, вели Луис.

Погледнете го прекрасниот прилог за Луис во кој неприкосновен е нејзиниот неверојатен дух и заразна позитивна енергија.

 

Објавено:
1 август 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.078 пати