Го победија ракот и излегоа на модна писта

19 ноември 2014

2342D55800000578-2839310-Models_present_creations_by_Malaysian_designer_Munsya_during_the-57_1416318062955

Куала Лумпур денеска го сврте вниманието на јавноста, благодарение на еден убав настан. Преживеаните жени од рак, зачекорија по модна писта, настан кој е дел од програмата на Islamic Fashion Festival. Малезиските дизајнери како Келвин Ту, Саликин Сидек и Јарумас го поддржаа настанот, а покрај нив се вклучија и креативци од Сингапур и Индонезија.

Според тамошните медиуми, манифестацијата насловена како Giving Hope, Touching Hearts (Даваме надеж, допираме во срцата), има за цел да биде своевидна експериментална терапија, за која докторите се надеваат ќе го поттикне моралот на жените.

2342E84B00000578-2839310-Models_wear_creations_from_Calvin_Thoo_collection_and_pose_toget-56_1416318062940

Настанот е организиран од невладина организација Pink Unity која им дава поддршка на жените преживеани од рак, а во тоа учествува и жената на султанот од Перак (област на Малезија), Зара Салим.
Во текот на вечерта, жените се појавија во гламурозни фустани, со колоритни украси и монистри, пердуви...

-Се надеваме дека ќе пренесеме порака дека и покрај тешките работи со кои се соочиле овие жени, тие сè уште изгледаат и се чувствуваат убаво – вели за тамошните медиуми Салма Сјуарт, претседателката на Pink Unity, а пренесува „Дејли Мејл“.

2342E98F00000578-2839310-The_organisation_is_keen_to_promote_diversity_and_has_featured_m-61_1416318062980

Инаку, Islamic Fashion Festival, што се одржува во оваа земја има за цел да ја промовира различноста, па токму затоа вклучува 250 дизајнери и брендови од различни култури и религиски ставови, вклучувајќи Камерун, Франција, Индија, Индонезија, Џордан, Малезија, Мароко, Палестина и Сингапур.

2342D9DB00000578-2839310-Designers_including_those_from_Cameroon_France_India_Indonesia_J-62_1416318062986

Кога се дизајнерите во прашање, вклучени се Етро (Италија), Занг Тои (Њујорк), Хинди Мади (Париз), Мило (Бали), Бијан (Џакарта), Мелинда Луи и Дато, Том Абанг Сауфи (Куала Лумпур) и глобалниот бренд Сваровски.

2342AC6F00000578-2839310-The_women_prepared_to_strut_the_catwalk_in_brightly_coloured_gar-64_1416318062998

2342D22500000578-2839310-Islamic_fashion_is_gaining_popularity_across_the_world_as_more_M-58_1416318062961

2342DEF400000578-2839310-The_event_was_organised_by_non_governmental_organisation_Pink_Un-60_1416318062974

2342E59400000578-2839310-The_Islamic_Fashion_Festival_seeks_to_raise_awareness_for_Islami-59_1416318062967

2343800E00000578-2839310-A_model_presents_an_intricate_headdress_by_Malaysian_designer_Ca-63_1416318062992

Објавено:
19 ноември 2014
Категорија: 
Актуел