Годишна изложба на Институт за мода Изет Цури: Ликовната уметност преточена во креација

30 јуни 2021

Просториите на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ денеска беа отворени за сите љубители на модата, кои можеа да посведочат на годишната изложба на креации на студентите од различни генерации.

Темата на која твореа е „La Mode En Peinture“, па ликовната уметност беше појдовна точка за создавањето на нивните креации.

Најчеста инспирација бил „Импресионизмот“ како правец и можеа да се видат интересни интерпретации на темата.

„Многу внимание посветуваме на креирањето директно на кукла. Цртежот е важен, но не е пресуден во создавањето на креацијата. Се трудиме да им објасниме на студентите дека моден дизајнер не се станува после неколку направени скици, туку дека тоа е голема и сериозна работа, како и дека улогата на дизајнерот во една модна компанија е од исклучителна важност, бидејќи неговата замисла треба да биде преточена во нешто функционално“, посочува сопственикот на институтот, господинот Изет Цури.

Од друга страна пак, дизајнерот Никола Ефтимов, како дел од тимот едукатори, вели дека максимално се трудат да ја истакнат индивидуалноста.

„Со секој студент се работи индивидуално. Тој процес не е лесен, меѓутоа крајниот резултат е она што навистина се тие. Се трудиме да го извадиме најдоброто од нив, да ја истакнеме нивната индивидуалност, а не да ги претвориме во „модни клонови и одговорноста што ја имаме како едукатори е голема, не само спрема нашите студенти, туку генерално во образовниот систем““, посочува Ефтимов.

Од институтот додаваат дека наставната програма исто така овозможува совладување на маркетингот на мода, техниките за графичка презентација и совладување на јазикот на модната комуникација, знаења и вештини што се од голема помош на идните млади дизајнери Изучувањето на некои историски дисциплини (историја на костимите, историја на модата итн), им служат на студентите за проширување на визуелната култура, разбирање на еволуцијата на облеката и модните додатоци и нивната релација со сложените општествени контексти. Ваквото знаење им помага на студентите да ја  разберат појавата на многу феномени (појавата на високата мода во Париз, искуството на Џовани Батиста Џорџини и раѓањето на италијанскиот стил, трансформацијата на Бангкок во азиски центар на модата итн.) и да ги ползуваат дел од позитивните искуства од минатото во нивната работа.

Целосниот разговор, како и дел од денешната атмосфера погледнете во продолжение. А годишната изложба ќе биде отворена до задутре, 2 јули, со можност за посета од 10 до 18 часот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk)

 

Објавено:
30 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
404 пати
Тагови: 
Изет Цури